kupon4.me
kupon4.me е систем за онлајн продажба и евиденција на билети, и истиот е во сопственост на Друга Страна дооел Скопје.
На онлајн-системот kupon4.me се врши продажба на билети за настани кои се во организација на Друга Страна дооел Скопје или други правни и физички лица во Република Северна Македонија.
Електронски билет
За секоја извршена услуга преку овој систем, купувачот на својата е-адреса (e-mail), која е впишана при вршење на купувањето, добива електронски билети, што е единствениот доказ за целосно и правилно завршување на купувањето.
Електронскиот билет содржи листа на производи/билети на нарачката или износ на надополнети средства на ваучерот/картичката. Секој од тие производи има свој уникатен и единствен сериски број и баркод.
Еден билет важи за едно лице.
Евидентирање и контрола
Купувачот, како доказ за поседување електронски билет при евидентирање на влезот на одржување на конкретниот настан, да може да го покаже баркодот кој е содржан во самиот билет од својот мобилен уред. Доколку тоа не е можно, билетот треба уредно да биде одпечатен и содржината со QR кодот биде приложена за евидентирање.
Доколку купувачот го отстапи својот билет (во печатена форма или преку препраќање на билетот на друго лице) за единствено важечки ќе се смета оној билет што прв ќе биде евидентиран и регистриран преку системот за контрола и евиденција на влезот на салата каде што се одржува настанот.
Откако еднаш единечниот билет ќе биде регистриран на влезот, секој следен билет со ист сериски број (копија од е-билетот) се регистрира како неважечки, ќе биде третиран како злоупотреба и нема да му биде дозволен влез на лицето во салата на одржување на настанот. Секојa злоупотреба е казнива по закон.
Доколку купувачот задоцни и го приложи билетот по официјалниот термин објавен за почеток на настанот и настанот е веќе започнат, организаторот може да не дозволи влез на тоа лице во салата на одржување на настанот. Исто така, при секое доцнење, дури и да биде дозволен влез во салата, на лицето не му се гарантира дека билетот што е нумериран со место за седење (блок, ред и место) е сѐ уште слободно и истото може да биде веќе пополнето од друг посетител.
Измени во програма
Друга страна го задржува правото за откажување и измени програмата доколку истата е во организација на Друга Страна.
Друга Страна не врши поврат на средства или замена за друг производ/билет доколку истиот тој билет не е реализиран и евидентиран пред официјалниот почеток на настанот објавен од страна на организаторот, .
Доколку некој настан е откажан од страна на организаторот или истиот е преместен во друг термин, за секој билет купен преку билет-сервисот kupon4.me, купувачот може да побара поврат на средствата. Повратот ќе биде вршен исклучиво преку електронско банкарство, директно на сметката на купувачот, со претходно приложување доказ за купување (отпечатен билет, број на нарачка за потврда на трансакцијата).
Доколку некој настан е преместен во друг термин и за таа промена организаторот ја известил јавноста преку своите канали за информирање, купувачот може да го прифати заменскиот билет, или истиот да го откаже и да добие поврат на уплатените средства.
Дополнителни прашања
За секакви проблеми и прашања поврзани со онлајн-продажбата преку нашиот сервис kupon4.me, ве молиме пишете ни на info@drugastrana.mk. Нашите служби ќе се обидат да ви го дадат правиот одговор во разумно време.